Новости

Шоубиз

Алкохолот и дрогата му биле единствен излез – Страшната судбина на актерот од познатата комедија „Сам дома“

Актерот Меколи Калкин, кога обожававме да го гледаме во комедијата „Сам дома“, ги откри причините поради кои станал зависник од алкохол и наркотици и го напуштил Холивуд.

Некогашното филмско чудо од дете и златно момче на Холивуд, подоцна со многу тажна судбина, вели дека татко му е главниот виновник затоа што „не успеал“ и се препуштил на пороците, почнувајќи да консумира хероин и алкохол во огромни количини.

Калкин, кој сега има 40 години, вели деканеговиот татко Кит го малтретирал и психички и физички, постојано навредувајќи го и заканувајќи му се со следните реченици:

– Направи го тоа добро или ќе те удрам. Воедно актерот раскажа дека неговиот родител знал да се меша во се што актерот правел и рабптел, па така  тој и ја малтретирал филмската екипа со која Меколи работел по цели денови, наредувајќи им како да ја завршат работата.

– Се што тој, мојот татко, се обидуваше да постигне во целиот свој живот, јас успевав до својата десетта година, поради што тој ми беше љубоморен и затоа ме малтретираше – изјави Калкин.

Тој вели дека најдоброто нешто што можело да се случи е разводот на неговите родители во 1994 година, по филмот „Ричи Рич“. Меколи вели дека тоа бил првиот чекор кон неговото заминување од Холивуд.

– Сакав само малку да се одморам – вели актерот кој на 15 години ги тужел своите родители затоа што мислел дека не управуваат добро со неговите финансии. Ги избришал како законски старатели, па тие повеќе не можеле да го контролираат неговото богатство. Инаку, Калкин не негира дека влегол во проблеми со дрога и алкохол, но вели дека сега сето тоа е зад него.

Холивудските папараци ни бројни фотографии и приказни раскажуваат дека миленикот на најпознатата комедија која останува евергрин, изгледал ужасно, се зборува и дека се обидел да се самоубие, а бил уапсен под дејство на опијати. Но, овој пат тој тврди дека го започнал животот одново.

Инаку Меколи Калкин, бил еднаш во брак, а со актерката Мила Кунис се забавувал девет години.

Евротип
SNBROKER
To Top