Новости

Шоубиз

„АМА“ – Нова песна на легендарниот  Ерос Рамацоти  која најавува албум

Ерос Рамацоти го најавува претстојниот студиски албум BATTITO INFINITO со својот нов сингл AMA кој се очекува да излезе на 16 Септември.

Новата песна е манифест на обновениот уметнички идентитет на наградуваниот кантавтор, кој има продадено 70 милиони албуми во повеќе од 35 години од неговата кариера и чија музика е слушана над две милијарди пати на стриминг сервисите на глобално ниво.

BATTITO INFINITO е уникатен меѓународен проект кој комбинира ново студиско издание со светска турнеја. Магичната авантура која ќе се одвива од септември 2022 до мај 2023 година ќе го донесе овој автор пред публиката во некои од најважните градови ширум светот.

Во продолжение, слушнете ја оваа песна со моќна порака која може да ја пренесе само легендарниот Рамацоти.

Евротип
SNBROKER
To Top