Новости

Шоубиз

Без да се коцкаат, добиле џек пот! – На овие жени навистина им се посреќило!

…И така, стануваш еден ден и на сметката имаш милион долари! Епа на овие жени им се случил токму тој џек пот без воопшто да се трудат.

Мекензи Скотт

 

Проценето богатство: 63 до 67 милијарди американски долари

Мекензи Скот се збогати со најскапата бракоразводна парница во историјата на човештвото. Откако еден од најбогатите во светот, Џеф Безос (основач на Амазон проценет со богатство од над 180 милијарди долари), ја изневери по 25 години брак, Мекензи доби 38,3 милијарди акции на Амазон при разводот. Бидејќи вредноста на акциите значително се зголеми благодарение на кризата со корона, нејзиното богатство сега се проценува помеѓу 63 и 67 милијарди. Сепак, од толку ,,среќа во несреќа” да се плаши човек, па за да стави ,,камче во чевелот”, оваа жена за мирна совест одлучила и нешто да сподели па така
минатата година, таа се приклучи на иницијативата The Giving Pledge од Бил и Мелинда Гејтс, во која ултра богатите се обврзани да донираат половина од своето богатство на хуманитарни организации.

Франсоаз Бетенкур-Мајерс

Проценето богатство: 65 до 65 милијарди американски долари

Долгогодишниот лидер на листата на најбогати жени, Франсоаза Бетенкур-Маерс, според индексот Блумберг, на почетокот на Септември падна на второто место на оваа престижна листа. Нејзиното семејно богатство започна да се акумулира во почетокот на 20 век кога младиот хемичар Јуџин Шулер разви формула за боја на коса која ја нарече ,,Оréal”
Останатото е историја, па групата L’Oréal денес е козметички конгломерат со големо портфолио на познати брендови, а мнозински сопственик е внуката на Јуџин, токму оваа жена Бетенкорт – Маерс.

По страшниот пожар во кој беше уништена париската катедрала Нотр Дам, таа донираше неверојатни 226 милиони долари за нејзино реновирање. Сепак, имала малку грижа на совест од ,,многу арно не е на срно!”

Алис Волтон

Проценето богатство: 61 до 67 милијарди американски долари

Откако наследи акции во Волмарт во 1992 година од нејзиниот татко Сем Волтон, кој го основа популарниот ланец на супермаркети 30 години порано, Алис се приближи до самиот врв на листата на најбогати жени во светот. Живее во Тексас опкружена со нејзините коњи и вредна уметничка колекција, а поголемите хуманитарни донации не се познати на јавноста.

Евротип
Евротип
To Top