Новости

Шоубиз

Бомбардирани градови, хаос во воени услови! -Објавен е видеозапис за евровизиската победничка песна од Украина кој ќе ве наежи

Украинските претставници објавија мрачен видеозапис за песната „Stefania“ со која триумфираа во Торино на Евровизија 2022 година.

Во спотот се прикажуваат бомбардирани градови, рушевини и целиот тој воен хаос во Украина. Се ојавуваат жени кои се облечени во воени униформи и ги спасуваат децата.

„Вака ги гледаме украинските мајки денес“ – изјави фронменот на Калуш оркестар.

„Ѝ ја имав посветено оваа песна на мојата мајка и кога избувна војната, песната придоби ново значење. Иако во песната нема ниту збор за војната, многу луѓе започнаа да ја асоцираат со мајка Украина. Општеството започна да ја нарекува химна на нашата војна! Но, ако „Stefania“ сега е химна на нашата војна, сакам да стане химна на нашата победа“ – пишува во пораката од бендот.

Евротип
SNBROKER
To Top