Новости

Шоубиз

Бредли Купер фокусиран на нешто поинакво! – Актерот работи на научно-фантастичен филм

Долг е патот до адаптацијата од печатени страници до нивните филмски или сериски верзии и реализации. Таков е случајот со Hyperion, кој Бредли Купер како продуцент конечно ќе го донесе на кино екраните.

Славниот актер и режисер својата желба да го адаптира ова дело на Ден Симонс ја најави уште во 2011 година, а потоа во 2015 година соработуваше со каналот SyFy за да создаде истоимена серија. Сепак, таа најавена адаптација сега се пресели во рацете на Warner Bros, која ќе сними филм од неа, но сепак со помош на Купер.

Имено, популарниот актер објави дека основа своја продукциска куќа, чие име се уште не е познато, а која ќе му овозможи „да добие подобра играна адаптација на оваа приказна“. Оваа одлука не е премногу изненадувачка, по неодамнешниот успех на блокбастерот Дин, чиј втор дел е веќе потврден.

Ако ве интересираат повеќе инфпрмации околу новиот проект на Купер, отворете тука.

Евротип
Евротип
To Top