Бред Пит одговори на тужбата на Анџелина Џоли која вели дека бил насилен кон нивните деца

После Амбер и Џони Деп, ќе го следиме ли будно секој настан од распадот на бракот на Џоли и Бред Пит? Моментално актерите се во голема битка, а медиумите интензивно го следат секој нивни чекор.
Што се случива во моментот?
Имено Бред Пит одговори на тврдењата на Анџелина Џоли дека го „гушел“ и „удрил“ едно од нивните деца.
Во вторникот (4-ти октомври), како дел од тековната правна битка за француската винарија на поранешната двојка, Џоли поднесе вкрстена жалба која содржеше нови наводи за злоупотреба против Бред Пит.
Во судските поднесоци, до кои дојде „Њујорк тајмс“, адвокатите на Џоли тврдеа дека наводната расправија се случила во приватен авион во 2016 година, каде Џоли (47) претходно тврдеше дека тие се тепале што довело до нивен развод.
Во поднесоците се наведува дека Пит „гушел едно од децата, а друго го удрил во лицето“ и „ја фатил Џоли за главата, ја затресол“. Пит (58) е обвинет и за „истурање пиво врз Џоли и пиво и црвено вино врз децата“.
Во новото соопштение испратено до Си-Ен-Ен, претставниците на Пит ги отфрлија овие тврдења, нарекувајќи ги „целосно невистинити! “.
Во документите се наведува и дека Џоли им кажала на претставниците на ФБИ дека Пит „ја фатил за глава“, „ја тресел, ја турнал во ѕидот во бањата и постојано го удирал таванот на авионот” .
Записите добиени од Ролинг Стоун и други медиуми велат дека расправијата се случила за време на 90те минути во летот меѓу Франција и Лос Анџелес на 14 септември 2016 година. Во својата изјава, Џоли тврди дека постапките на Пит ги исплашиле нивните шест деца, кои во тоа време биле од осум до 15 години. Ѕвездата на Maleficent исто така тврди дека Пит конзумирал повеќе алкохолни пијалоци за време на летот. Кога авионот слетал, таа рече дека претрпел штета вредна 25.000 долари од истуреното црвено вино. Не било поднесено обвинение по истрагата за инцидентот „поради неколку фактори“, објави Ролинг Стоун.
Во 2016 година, Пит ги негираше наводите дека навредувал едно од неговите деца во приватниот авион.
