Новости

Шоубиз

Бритни Спирс ја призна шокантната вистина пред светот: ,,Единствено слично на ова што ми го прават мене, е трговијата со секс!“

…И додека сите фанови се грижат околу здравјето на Бритни и нејзиниот живот кој претпоставуваа дека е во канџите на старателството на нејзиниот татко, пејачката овој пат излезе на суд и ги потврди сомнежите кои се чини дека се дури и полоши од сомнежите на фановите.

Еве го признанието од Бритни Спирс кое зборува за шокантно злоупотребување:

,,Сакам ова да заврши! Навистина верувам дека ова е злоупотреба! Сакам да основам семејство со моето момче, но спречена сум затоа што имам вградено спирала во мене и тоа против моја волја! Сакам вистински живот и уште едно дете, но овој т.н. тим, не ми дозволува да одам на лекар, да ја извадам спиралата и да го направам тоа! ”

Во 2018, Бритни присилно била на турнеја, а нешто подоцна после лажните обвинувања дека пејачката не ги зема соодветните лекарства, и бил даден лекот литиум кој правел таа да се чувствува како пијана. После искажаниот страв за лекот, татко и не ја утешил и воопшто не се ни потрудил да ја разбере, па ја сместил во Центар за рехабилитација, се разбира не по нејзина волја!

За присилната турнеја, таа раскажа:

,,Беше заканувачки и страшно. Отидов на турнеја од страв – рече Бритни Спирс, за момент после ова да ги допре сите, велејќи ѝ на судивката: Госпоѓо, јас не сум ничиј роб!

Познатата музичка икона за многумина изјави дека продолжила да работи и да оди на терапија седум дена во неделата, без пристап до нејзиниот телефон, платежни картички, готовина или пасош.
Единствено слично на ова е трговијата со секс“, финишира таа потенцирајќи ја желбата и интенцијата конечно да го тужи нејзиното семејство, верувајќи дека само тогаш ќе биде целосно слободна и ќе има вистински живот!

СН Брокер
To Top