Новости

Шоубиз

Во Холивуд има закон за заштита на децата актери, а еве кој стои зад оваа приказна

Џеки Куган е детето што се појавувало глумејќи до Чарли Чаплин и тоа имало само 6 години кога Чаплин го открил неговиот талент.

Но, неговата тажна приказна е за неговата мајка и неговиот очув кои немилосрдно го потрошиле скоро цело негово богатство во расипнички живот. Куган тоа го открил на 21 година и после судска постапка, добил само 126 000долари со оглед на тоа што неговите пари биле потрошени.

Но, овој негов потег, придонесил да се донеси закон за зашита на децата актери во Холивуд. Ваквиот правен акт, се нарекува „Куганов закон“ и овозможува децата да добијат 15% од заработувачката штом ќе станат полнолетни и истата до тогаш мора да биде чувана на страна.

GOLD
To Top