Новости

Шоубиз

Дали Симпсонови предвидуваа мајмунски сипаници?

На социјалната мрежа Твитер се појави видео од култната серија Симпсонови, а епизодата од 1998 година наводно зборува за мајмунските сипаници кои се актуелни денес.

Иако Симпсонови досега „предвидуваа“ многу работи меѓу кои фактот што предвидоа дека Трамп дојде на власт во САД, појавувањето на Лејди Гага на Суперболот, но и коронавирусот и војната во Украина и многу други случувања, се покажа дека фотографиите и видеото се лажни – односно две различни епизоди монтирани во една, пренесува CdM.

Во дваесет и првата епизода од деветтата сезона на серијата, која се емитуваше во 1998 година, Хомер зема мајмун кој му станува домашно милениче и главен помошник во домашните работи. Веднаш до фотографијата од таа епизода, има уште една слика од седумнаесеттата сезона на серијата, емитувана во 2005 година, на која Хомер има сипаници.

Сликите немаат врска една со друга – односно мајмунот нема никаква врска со сипаницата.

Симпсонови се емитуваа во минатото преку епизоди во кои се случи да има измислени моменти кои подоцна се покажаа како вистинити.

Евротип
SNBROKER
To Top