Новости

Шоубиз

Димитар Андоновски стана татко по втор пат – второто синче ќе го носи името Гаврил

Пејачот Димитар Андоновски стана татко по втор пат. Оваа среќна вест тој ја објави на својот Фејсбук профил.

„Ти благодарам предобар Господи што денес јас и Христина Андоновски по втор пат сме благословени, и од денес ќе му се радуваме на нашиот втор син. Добродојде сине Гаврил да ми си здрав жив и благословен да се радуваме заедно цел живот🙏“.

Ова е нивно второ дете. Пред четири години прва радост за пејачот и неговата сопруга беше малечкиот Михаил. Во август минатата година за време на семејна забава го открија и полот на второто бебе, а желбата на Михаил беше да добие токму братче.

Андоновски, кој и е добро познат на македонската публика како пејачт, тој е и менаџер и уметнички директор на Голд Фелициа.

Евротип
SNBROKER
To Top