Новости

Шоубиз

Добра вест за љубителите на оваа комедија!

Овен Вилсон и Винс Вон дефинитивно беа кралеви на комедијата во првата декада на 21 век и многумина ќе се согласат дека триумфот на оваа фаза од нивните кариери беше „Wdding Crashers“ од 2005 година, во кои и двајцата ги играа главните улоги.

Добрата вест за секој што го сакаше овој филм чија приказна ги следеше двајцата мажи кои непоканети одеа на свадби во потрага по љубовни авантури, е дека наскоро ќе се снима продолжение во кое Вилсон и Вон ќе ги репризираат своите улоги.

Вториот дел од популарната комедија ќе започне да се снима во Август. Се зборува дека филмот ќе биде достапен на стриминг сервисот HBO Max во втората половина на 2022 година.

Во продолжение потсетете се на урнебесната комедија.

Евротип
Евротип
To Top