Новости

Шоубиз

,,Дојдов во Њујорк со 35 долари во џебот” – Мадона се присети на почетокот на кариерата на доделувањето на MTV наградите

– Дојдов во Њујорк без ништо, со 35 долари во џебот и една обувка. Имав 19 години и бев преплашена. Му реков на таксистот да ме однеси во центарот на настаните и така пристигнав на Тајм Сквер. Но, тоа беше само почеток и знаев дека еден ден, со многу работа, ќе успеам во Њујорк и во целиот свет. Пред 40 години, во Њујорк се појави уште една голема работа, со идеја да стане универзален музички канал и го нарекоа MTV. Се најдовме едни со други и создадовме нераскинлива врска, се поврзавме преку музика и создадовме сосема нова уметничка форма – вели Мадона во своето видео кое навистина ја наежи публиката од целиот свет.

– А рекоа дека нема да траам. Сепак, ние сме се’ уште тука! Среќни 40, МТВ! Добредојдовте на ,,Ем-Ти-Ви наградите!”

Облечена во кожа, мрежести хулахопки и мантил, таа едноставно сите ги остави со подзинати усни, но и според аутфитот предизвика масовна хистерија и малку разочарувачки критики поради тоа што веројатно дивата подлегнала на естетски зафат за зголемување на задникот кој и не изгледа баш природно.
Но, како и да е! Мадона е! Што да зборуваме понатаму…

СН Брокер
To Top