Драмата продолжува: Анџелина Џоли може да го тужи ФБИ поради Бред Пит

Веста дека актерката би можела да го тужи ФБИ одекна во светските медиуми, бидејќи неговите агенти одбиле до крај да спроведат истрага против нејзиниот поранешен сопруг.
Имено, станува збор за наводниот инцидент што се случил во 2016 година во нивниот приватен авион со нивниот син.
По инцидентот, Анџелина поднесе барање за развод од Бред Пит, а подоцна беше откриено дека тој тогаш бил под истрага бидејќи пријавил дека „ментално и физички го нападнал нивниот син за време на приватен лет од Франција до Америка“.
Актерката тврди дека властите тогаш ја затвориле истрагата, без претходно да ја информираат за тоа.
Според странските медиуми, Џоли наводно се уште не поднела формална тужба против ФБИ поради ова, но планира да го стори тоа.
