Новости

Шоубиз

Елен Помпео или Мередит Греј заминува од ,,Вовед во анатомија”

Актерката Елен Помпео, попозната како докторката Мередит Греј од серијата „Вовед во анатомија“ (Grey’s Anatomy), објави дека ја напушта серијата по цели 19 сезони.

Вечно сум благодарна за љубовта што ми ја покажувавте, Мередит Греј и сите 19 сезони на ,,Вовед во анатомија”. Ништо од ова не би било возможно без најдобрите фанови во светот. Сите вие ​​сте возачи и сите го направивте ова возење толку забавно и легендарно! Ве сакам како луда и многу ве почитувам“, напиша Помпео во објавата на Инстаграм.

Таа на обожавателите на серијата им порача и ги потсети дека „ова не е прв пат, следејќи ја приказната да се чувствуватт како да се на ролеркостер“. Самите знаат дека шоуто мора да продолжи, и дека таа дефинитивно ќе се врати како гостин.

Ликот на Мередит Греј ќе се појави во само осум епизоди во 19-тата сезона на серијата. Серијата наводно ќе биде обновена за 20-годишнината или 20 сезона.

Евротип
SNBROKER
To Top