Новости

Шоубиз

Елтон Џон и Бритни Спирс ги здружија силите за нова песна

Поп иконата Бритни Спирс и британската мегаѕвезда Елтон Џон ќе ги обединат гласовите во нова песна, објави издавачката куќа која ќе ја објави песната.

Пејачите, кои имаат комбинирано 90-годишно искуство во музичката индустрија, ќе соработуваат на песната „Hold Me Closer“, според Interscope Records.

Иако датумот на објавување сè уште не е познат, тоа ќе биде првата нова песна на Бритни Спирс по неколку години.

Насловот е инспириран од „Tiny Dancer“, кој беше објавен во раните 70-ти години на минатиот век.

Инаку, Бритни Спирс со години не дава интервјуа и ретко се појавува во јавноста, а Елтон Џон пред неколку месеци го прослави својот 75-ти роденден.

Во 2018 година, тој тргна на проштална турнеја за време на која планираше триста концерти низ светот, но таа беше нарушена од пандемијата „Ковид-19“.

Евротип
SNBROKER
To Top