Новости

Шоубиз

Ентони Хопкинс со оскар после 30 години од „Кога јагнињата ќе стивнат“

Ентони Хопкинс ја доби наградата за најдобар актер за маестралната улога за човек кој страда од деменција во филмот Таткотo (,,The father”).

Неговата победа беше најголемото изненадување на церемонијата.

Се очекуваше Чедвик Боузман, кој почина на 43-годишна возраст минатиот Август, да го освои Оскарот за најдобра машка улога за улогата во филмот „Ma Rainey’s Black Bottom.”

Можеби беше изненадување за самиот Хопкинс кој не беше ниту во Лос Анџелес, ниту во Британскиот филмски институт во Лондон, каде церемонијата беше следена во Велика Британија. Се верува дека актерот е во родниот Велс и немало можност тој да се појави преку апликацијата Зум.

Филмот ,,The father” исто така ја доби наградата за најдобро адаптирано сценарио – Christopher Hampton, Florian Zeller. Тие го нарекоа Хопкинс „Најголемиот жив актер“.

GOLD
To Top