Новости

Шоубиз

Игор Џамбазов со спектакуларен римејк на песна што многу битолчани ја знаат

Познатиот шоумен Игор Џамбазов со нов музички хит. Изгледа дека Џамбазов не престанува да твори, па повторно не освои со неговата музика во шармантен џез – блуз стил.

Станува збор за римејк на песната ,,Жаклина”, стар македонски хит на кого ќе се сетат оние генерации од 90тите. Песната беше толку популарна што забавите не поминувале без неа, а денес маестралниот Џамбазов ни ја ,,подари” во потполно ново светло, со посебен сјај и автентичност што апсолутно се вклопува во ова ново време, па можеме да поентираме дека песната води со двоен статус на евергрин.

Инаку текстот за ,,Жаклина” го напишал Валентин Соклевски, човек чие име стои зад бројни хитови од македонската музичка сцена кои едноставно не изумираат и со генерации се прифаќаат со леснотија и задоволство.

За прв пат, ,,Жаклина” ја испеал Цане Николовски кој всушност ги побарал стиховите или текстот кој бил напишан за него.

За оние кои до сега ја немате сретнато, погледнете го спотот кој со себе носи посебен ефект што ја ,,покрива” приказната со посебна естетика. Слушнете како денес звучи ,,Жаклина” под виртуозната музичка ,,палка” на нашиот Игор.

Евротип
SNBROKER
To Top