Новости

Шоубиз

Изненадувачки хоби на познатите личности

Сите си имаме одредено хоби за кое едвај чекаме да најдеме слободно време. Многумина можеби ја немаат пронајдено својата пасја, но во следните редови откријте кои се омилените хоби на следните популарни личности од светот на шоу-бизнисот кои и тоа како целат и знаат што сакаат. Некои можеби и нема да ги разберете и ќе ве изненадат.

Џони Деп

Ѕвездата на филмскиот серијал  ,,Пиратите од Карибите” има колекција на ретки барбики, кои се продаваат во ограничени серии. Многу од нив се моделирани по славни личности. Деп, меѓу другото, ги поседува и куклите на Бијонсе, Елвис и Линдзи Лохан.

Анџелина Џоли

Верувале или не, оваа позната актерка собира ножеви. Првиот од нив го добила од мајка си кога имала 11 години, а љубовта кон сечилата му ја пренела на синот Медокс.

Рајан Гослинг

На денот на снимањето на една сцена од филм, Гослинг бил во контакт со група постари жени кои плетеле. Актерот сакал да научи како се прави тоа, па ги замолил колегите од филмот да го научат како да плете. Подоцна признал дека никогаш не се чувствувал поопуштено од тој ден, па затоа плетењето му станало ново хоби.

Бијонсе

Бијонсе ужива да прави мед во слободното време. Популарната пејачка на својот имот има два пчеларници, а ова хоби го избрала за да им помогне на своите ќерки во борбата против алергиите. Имено, медот е познат по своите лековити својства кога се во прашање алергиите.

Леонардо ди Каприо и Бред Пит

Леонардо ди Каприо и Бред Пит станаа добри пријатели за време на снимањето на филмот,, Once Upon a Time  in Hollywood”.

Но, она нешто што најповеќе ги поврзало, всушност било вајањето. Слободното време за време на паузата од снимањето актерите го користеле за заедно да направат уметнички дела во куќата на Бред.

Клаудија Шифер

Познатата германска манекенка уште од мала била фасцинирана од пајаци. Во меѓувреме, Клаудија се воодушеви и од други инсекти, а денес таа има многу видови на овие животни во нејзините инсектариуми, заедно со големи енциклопедии за нив.

Том Хенкс

Том Хенкс е страсен колекционер на стари машини за пишување. Тој има повеќе од стотина, а понекогаш ги користи за да ги пишува своите приказни на истите.

Извор: Bright Side

Евротип
SNBROKER
To Top