Новости

Шоубиз

Илон Маск изгуби третина од своето богатство

Најбогатиот човек на планетата изгуби третина од своето богатство од ноември 2021 година.

Поточно, извршниот директор на Tesla, Илон Маск, загуби повеќе од 100 милијарди долари за помалку од една година, објави магазинот Forbes.

Богатството на Маск падна за речиси 35%, од 320,3 милијарди долари на 4 ноември минатата година на 209,4 милијарди долари, најмногу поради големиот пад на цената на акциите на Tesla, објаснува Форбс, повикувајќи се на сопствени пресметки. Само овој месец, богатството на Маск е намалено за 28 милијарди долари, додава магазинот.

Тој продава автомобили по високи цени, така што рецесијата нема да биде добра за неговиот бизнис“, рече Мет Мејли, главен пазарен стратег во инвестициската консултантска куќа.

Контроверзните планови на Маск да купи Твитер и да ги продаде акциите  на Тесла ги одбиваат инвеститорите, кои веруваат дека тој се однесува неодговорно, додава Форбс.

Сепак, тој и понатаму е најбогатиот човек на светот.

Евротип
SNBROKER
To Top