Новости

Шоубиз

Интернетот збесна – се појавија докази дека Ким Кардашијан и го уништила фустанот на Мерлин Монро

Обожавателите објавија фотографија од култниот фустан на Мерлин Монро кој Ким Кардашијан го носеше на Мет Гала и утврдија дека таа го уништила. Оваа информација го полуди интернетот иако имаше и такви на кои не им беше јасно зошто сите толку се налутија на обичен фустан. Но, истите брзо добија одговор дека тоа не е обичен фустан, туку е историско богатство кое вреди околу пет милиони долари.

Познатиот фустан на Мерлин Монро наводно бил оштетен откако Ким Кардашијан го носела на Мет Гала. На фустанот сега се гледаат траги од кинење, а на него или недостасуваат или висат неколку кристали – напишале во објавата.

Оваа ситуација ги испровоцира луѓето да коментираат за целата работа. Се појави и фотографија за која не се знае дека е вистинска, а на која јасно се гледа дека Кардашијан едноставно не можела да влезе во фустанот од прва.

Луѓето најмногу ја протолкуваа целата работа како ароганција на денешните славни личности, но тоа не е ништо ново, а самата Мат Гала, за која беше уништен фустанот, зрачи со снобиза и разни глупости на новото време. Многумина на Твитер се прашуваа зошто не е искористена копија на фустанот. Џастин де Јанг од Модниот институт во Њујорк изјави: „Таа можеше да нарача копија што нема да се разликува ни трошка од оригиналот. „Ваков култен дел од американската историја не треба да биде изложен на ризик од штета, само поради зајакнувањето на сопственото его и фотографијата.

Потсетуваме, Ким шокираше многумина појавувајќи се на црвениот тепих во познатиот фустан на Мерлин Монро, кој покојната холивудска дива го носеше пред 60 години додека му пееше роденденска песна на Џон Кенеди. Таа тогаш призна дека ослабела седум килограми за три недели за да се вовлечи во него, но покрај целата интернет јавност, ниту дизајнерите не биле воодушевени што таа го облекла фустанот на Мерилинка.

Евротип
SNBROKER
To Top