Новости

Шоубиз

Историчарите со строги критики за Ким Кардашијан која носеше фустан од Мерлин Монро на Мет Гала

Ким Кардашијан имаше јасна желба во однос на фустанот за настанот Мет Гала. Ја сакала тоалетата што ја носела Мерлин Монро и нели бидејќи е Кардашијан, си го исполни сонот.

Па кога си Ким, веројатно можеш ако посакаш да бидеш и Мерлин Монро.
Но, што велат историчарите во врска со ова?

Мерлин Монро е култна личност на 20 век, а таа го го носеше овој фустан кога ја пееше роденденската песна на Кенеди, а многумина негативно го коментираат нејзиниот избор бидејќи фустанот треба да се чува во посебни услови како и досега.

Др Џастин Де Јанг, професор по модна историја на Институтот за модна технологија, изјави за People дека одлуката е „неодговорна и непотребна“.

– Можеше да нарача копија што нема да се разликува од оригиналот. Ваквиот култен дел од американската историја не треба да биде изложен на ризик од оштетување само поради зајакнувањето на егото и фотографирање – вели д-р Јанг, пренесува Хол.

Но, Шоубизнкс е тоа нели? А богами, со пари, може да се купи и изгледа да се промени историјата.

Евротип
SNBROKER
To Top