Новости

Шоубиз

Италија триумфално победи на Евровизија

Италија важеше за голем фаворит и на крајот триумфираше. „Рокенролот не умира“ порача фронтменот на бендот „Манескин“ од Италија откако се качија на сцената како победници. За време на гласањето Швајцарија и Франција беа на врвот, а Италија беше во близина. Но кога ги доби 318-те поени од публиката, беше извесно дека ќе дојде до победа. Крајот се сведе на Италија и Швајцарија, кон која беше наклонето жирито на земјите кои гласаа, но не и публиката. Добија под 200 поени, па Италија победи. Претставничката на Малта која беше фаворит, и беше високо од гласовите на жирито, од публиката доби само 47 гласови и не се пласираше ни во првите 5. Исто како и Франција.

Евротип
SNBROKER
To Top