Новости

Шоубиз

„…И токму така“ стана модно шоу и е далеку од вистината на ликовите на „Сексот и градот“ – Кери Бредшо носи чанта од 690 евра

Втората сезона на серијата „And Just Like That“ веќе започна да се снима, а сите се веќе возбудени околу модните парчиња на главните ликови. За некои е тоа среќна вест, но за некои тоа е едно големо „промашување“ од основната цел на пријателките кои раскажуваа „скромни“ приказни за нивниот живот. На почетокот главните хероини имаа добри позиции на своите работни места, но во никој случај не беа до толку богати и моќни за да би можеле да си овозможат брендирана облека, чевли, аксесоари.

Сепак судејќи по првите фотографии од сетот, Кери Бредшо, која ја игра Сара Џесика Паркер, не планира да се повлече од тронот на неприкосновената модна икона. Денес нејзиниот аутфит е анализиран до најситниот детал.

Имено, актерката беше снимена со нејзината колешка Кристин Дејвис во урбана улична стилска комбинација, а главен детал беше необична чанта во форма на гулаб и култен модел на сандали на Диор Екстрем.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by SJP (@sarahjessicaparker)

Она што е интересно е сознанието за 3D чантата на J. W. Anderson од неговата колекција есен/зима 2022 година во форма на гулаб чини 690 евра на официјалната веб-страница, а поради необичната форма веднаш стана можеби до некаде и предмет на исмејување кое кружи на социјалните мрежи. Би ја споменале и свилената чанта Прада која пак служеше како украс на зглобот.

Костимографите на серијата „And Just Like That“ Моли Роџерс и Дени Сантијаго избраа малку поелегантно издание за Шарлот што му прилега на овој лик.

Кристин Дејвис облече црно здолниште со проѕирна блуза со кожен ремен околу половината и украсена со розова машна со црни мокасини и Delvaux чанта.

Очигледно серијата стана шоубизнис и голема реклама реку која се промовираат светските моди брендови, што нам лично не баш ни се допаѓа.

Евротип
SNBROKER
To Top