Новости

Шоубиз

Дали би ја препознале? – Како денес изгледа Сузан Мајер од серијата „Очајни домаќинки“?

Ева Лонгорија, Тери Хачер, Фелисити Хофман и Марсија Крос беа лицата кои ги прикажуваа очајните домаќинки кои на многумина им влегоа в срце, па ,,разделбата” со нив беше навистина тешка.

Серијата ,,Очајни домаќинки”, доживеа огромна популарност и се снимаше од 2004 до 2012 година. Можеби токму фактот што овие жени опишуваа една реална слика за секојдневието низ забавен начин. 

Но, сега не зборуваме за сценариото, серијата и приказната, туку за една од актерките. Тери Хачер која ја играше улогата на Сузан Мајер.

Таа навистина привлекуваше внимание од очите на светот, а во помладите денови беше една од најсексапилните актерки. Хачер ја задржа својата фигура до денес, но многумина ја пофалија само поради нејзиниот изглед.

Тери глуми од 1985 година. Некои од нејзините главни улоги беа во филмовите Tomorrow Never Dies, Lois and Clark, Tango and Cash, Coraline and the Secret Mirror…

По завршувањето на серијата, низ Холивуд кружеа приказни дека е многу тешко да се работи со Тери, а наводно во текот на една сезона таа не разговарала со никого на сетот. Иако на почетокот беа повеќе од четири, на крајот од серијата останаа четири главни „домаќинки“, а Марша, Ева и Фелисити им се заблагодарија на сите освен на Тери што ги потврди лошите односи меѓу нив.

Извесен период во медиумите се шушкаше дека актерката дури и банкротираше, но таа подоцна демантираше се и тврдеше дека дошло до недоразбирање. Папараците ја снимиле во камп приколка, па пишувало дека останала сама без покрив над главата, но Тери се изјаснила дека сцените се за снимањето на новата серија.

Таа денес живее во Лос Анџелес, а пред неколку дена беше фотографирана како излегува од својот автомобил.  (Фотографија погледнете ја тука. За разлика од многу други ѕвезди, Тери остана верна на својот природен изглед, а без шминка го покажа своето лице кое малку се збрчкало, што е природно со оглед на 57-те години на актерката.

Тери Хачер беше во брак два пати. За прв пат му кажа „да“ на Маркус Лајтхолд, а бракот траеше само една година, од 1988 до 1989 година. По него, во 1994 година, таа се омажи за Џон Тени и откако уште еднаш виде дека не умее многу во љубовна брачна врска, се разведе во 2003 година. Емерсон е ќерката на актерката од последниот брак.

Евротип
SNBROKER
To Top