Новости

Шоубиз

Како изгледала Сара Џесика Паркер во нејзиното детство и младоста? – има ли сличности со ликот на Кери или е тотална спротивност од него?

Неодоливата Кери Бредшо која во „Сексот и градот“ е прикажана како весела ексцентрична дама, е всушност апсолутна спротивност на актерката Сара Џесика Паркер која ја глуми улогата. Очигледно станува збор за грандиозен талент, кој за среќа е забележан, најпрво од театарот Бродвеј, а подоцна Сара се инфилтрира во светот на ѕвездите.

Инаку, Паркер е по потекло од Охајо. Нејзините мајка и татко, Барбара и Стивен Паркер, се разведиле, па актерката останува да живее со нејзината мајка која се премажила и седумте полубраќа и сестри. Меѓу другото, Стивен Паркер – нејзиниот татко, бил Евреин, па и Сара вели дека се чувствува како еврејка. Уште од раното детство, покажала афинитети кон актерството, танцувањето, музиката, а тие биле основните постулати за да се биде дел од на далеку прочуениот Бродвеј.

Како изгледала оваа веќе модна икона некогаш во нејзиото детство, погледнете во фотографиите што следат?

GOLD
To Top