Новости

Шоубиз

Кариерата на Џони Дип полека згаснува

Деновиве актуелна е веста дека светските медиуми „Netflix USA“ и „Netflix Australia“, остануваат доследни до одлуката која скоро ја донеле, а таа гласи:„Забрането прикажување на сите филмови во кои игра познатиот актер Џони Дип.“ Тие не само што нема да ги прикажуваат филмовите, туку иститe се и избришани.

Оваа одлука која ни најмалку не е во прилог на актерот, е донесена како последица на неодамнешната судска одлука според која Дип е осуден за злоупотреба на поранешната сопруга. Судската пресуда која раскажува за семејното насилство, актерот упорно ја негирал и подоцна го тужил британскиот весник „Sun“ за оваа клевета. Во истиот, Џони Дип бил опишан како „Човекот кој ја тепал својата сопруга“, па така Дип го тужил и извршниот уредник на овој весник.

Сепак, после две години од таа објава во весникот, актерот губи два милиони долари, но најавил дека ќе се жали. Веднаш по пресудата, актерот изгубил улога во филм и се некако се чини дека неговата кариера полека згаснува.

Навистина лоша година, но за Џони Дип, веројатно најлоша.

Pinterest

 

Евротип
Евротип
To Top