Новости

Шоубиз

Кевин Спејси ослободен од обвинението за малтретирање на неговиот колега

Судот во Њујорк одлучи дека Кевин Спејси не е виновен за малтретирање на актерот Ентони Рап, кој го обвини Спејси дека сакал сексуално да го злоупотреби после некоја забава во 1986 година.

Поротниците размислувале околу еден час и заклучиле дека Рап не докажал дека Спејси „го допрел неговиот сексуален или интимен дел од телото“, по што судијата Луис Каплан формално го затворил случајот, објави Си-Ен-Ен.

Најпознат по улогата во Star Trek: Discovery, Рап тврдеше дека во 1986 година, како 14-годишник, Спејси го однел во неговиот дом во Менхетен, каде што го легнал на креветот, го фатил за задникот и му ги притиснал препоните на неговиот тело, иако тој не се согласил со тоа.

Евротип
SNBROKER
To Top