Новости

Шоубиз

,,Кери и Ѕверка се разведуваат”! – најновите детали или шпекулации околу продолженијата на ,,Сексот и градот”!

Се повеќе расте возбудата околу новите продолженија на ,,Сексот и градот” со наслов ,,…И токму така”! Главните хероини во култната серија, повторно прошетаа низ улиците на Њујорк, а папараците и обожавателите се премногу возбудени и едвај го чекаат продолжението на приказната.

Според некои шушкања се чини дека приказната на ,,Кери и Ѕверка”, продолжува да се комплицира. Изгледа дека тие ќе се разведуваат, а Кери како што ,,велела” ќе биде само уште една жена на списокот од неговите пропаднати бракови. Што точно ќе се одвива понатаму и дали овие двајца ,,ќе остарат” заедно едвај чекаме да видиме, но ако сценаристите, текстописците и целата екипа гледаат малку пореално на приказната, споредбено со реалните ликови, ние би рекле дека Ѕверка е претставник на ,,лошите” момци, а тие како што знаеме за жал не остануваат долго во брак! Па според нас, се чудиме како воопшто и се согласил на ваков сериозен чекор! Само на филм нели?!

Во продолжение погледнете фотографии кои барем малку ја пренесуваат возбудата од снимањето.

GOLD
To Top