Новости

Шоубиз

Киану Ривс – доказ дека „доброто“ во светов се уште постои

… И токму кога мислевме и се запрашавме каде е, па дури и се посомневавме дека тој ,,завршил” со хуманитарните дела, Киану Ривс повторно ни го растопи срцето.

Како што се испостави, тој несебично и помагал на една приватна хуманитарна фондација која финансира истражување за лекувањето на рак кај децата.

Штом овие гласини се потврдиле, Киану Ривс бил запрашан од страна на новинарите точно за што станува збор, но тој не ги задоволил нивните ,,апетити”, очигледно сакајќи да ја задржи својата скромност. На кратко само ја потврдил веста за неговиот удел и рекол дека не сака неговото име да биде поврзано со фондацијата:

„Навистина сакам да ги оставам да си ја завршат нивната работа“ – одговорил кратко актерот откако се откри и оваа тајна.

Инаку, Ривс донира пари во многу слични организации. Тој е еден од најомилените актери во Холивуд. Користи јавен превоз, често знае да биде во друштво на бездомници на кои несебично им помага и едноставно го има на сите места каде што е потребна помош.

На тоа мислиме кога велиме дека е кул. Затоа размислете што навистина значи тоа, колку се вреднувате вие сами, а колку го вреднувате и му помагате на светот околу вас. Бидете несебични, бидете хумани. Секој од нас треба да има барем дел од ваквиот човек во себе.

GOLD
To Top