Новости

Шоубиз

Ким Кардашијан „добитна“ и после разводот! – Судот одлучи дека иˊследат 200.000 долари месечна алиментација

Ким Кардашијан и раперот познат како Канје Вест, постигнаа договор за развод кој вклучува заедничко старателство над нивните четири деца и поделба на имотот, објавија медиумите.

Иако старателството над децата на возраст од 3, 4, 6 и 9 години ќе биде поделено,

Имено Кардашијан ќе добива 200.000 долари месечно како издршка, бидејќи поголемиот дел од времето ќе го поминува со со своите деца, објави Њујорк пост. Ќе одговара и за половина од трошоците за нивното здравје, образование и безбедност.

Двете страни се откажале од меѓусебната алиментација, а имотот ќе го делат според предбрачниот договор.

Сите прашања поврзани со грижата за децата ќе се решаваат со заеднички договор, но доколку едната страна не учествува во нив, на другата и се дозволува сама да донесе одлука.

Деталите за спогодбата за развод беа објавени од повеќе медиуми, цитирајќи документи од Врховниот суд на округот Лос Анџелес.

Славната двојка се венча во 2014 година, а Кардашијан поднесе барање за развод минатата година, наведувајќи ги непомирливите разлики.

Џеј во последните месеци предизвика бројни контроверзи со јавни испади на социјалните мрежи, раскинување на профитабилни договори со големи брендови, а неговите профили на Твитер и Инстаграм беа суспендирани. Некои од неговите објави беа отстранети од платформите на социјалните мрежи, кои беа осудени од корисниците како антисемитски.

Евротип
SNBROKER
To Top