Новости

Шоубиз

Ким Катрал конечно отворено зборува за отсуството на Саманта во продолжението ,,Сексот и градот”

Многу фанови на култната серија ,,Сексот и градот” беа изненадени од фактот што една од четирите главни хероини – Саманта – не се појавува во неговото продолжение. Имаше многу шпекулации за тоа кои се можните причини, но сега конечно имаме разјаснување на оваа мистерија од устата на самата Саманта – Ким Катрал!

Ако го гледавте продолжението на серијата, сте виделе дека Саманта се споменува индиректно, со тоа што нејзиниот лик ги одбива повиците на Кери и и кажува дека повеќе не и се потребни нејзините ПР услуги. Кери е разочарана и вели дека Саманта ја „отпуштила“ од позиција на пријателка. Има уште неколку референци за Саманта, од кои едната вклучува текстуална размена со Кери во пресрет на неочекуваната смрт на Ѕверка, но ништо поконкретно од тоа.

Ким Катрал во интервју за магазинот Variety, откри дека за продолжението дознала на ист начин како и сите други – на Интернет! Таа вели дека никој не побарал од неа да биде дел од проектот, но дека тоа не ја изненадило. Имено, Катрал претходно одбила да учествува во нереализираниот трет филм во 2017 година, кога го видела сценариото. Во него, Брејди, синот тинејџер на Миранда, испраќа непримерни фотографии на Саманта.

Таа вели дека била разочаранa од насоката во која ќе се движи нејзиниот лик и дека продолжението на серијата всушност е главно само рециклирање на идеите кои постоеле за третиот филм. За неа е тажно затоа што мисли дека нејзината, и сите други приказни можеле да се развијат на многу подобар начин, но дека не и е жал што ја одбила понудата. Таа ја затвори вратата за можно враќање на ликот на Саманта, бидејќи не сака да ја работи истата работа како пред 25 години, туку сака да се фокусира на што е можно поразновидни проекти.

Иако не ги гледала новите епизоди, според она што се случува со ликот на Саманта, тој и се чини поинаков од ликот кој толку долго успешно го толкувала. Ким заклучува дека се чувствува многу моќно откако донела токму ваква одлука којазначи да ја продолжи својата кариера и да гледа само напред.

Евротип
SNBROKER
To Top