Новости

Шоубиз

Кога љубовта се меша со работата – Холивудски парови кои стапиле во врска на снимањето на едни од нивните филмови

Кој вели дека љубовта и работата не можат да се мешаат? Доказ за ова се холивудските парови кои стапиле во врска за време на снимањето на некои од нивните филмови.

Бред Пит и Анџелина Џоли 

„Господин и госпоѓа Смит“ е филмот кој е виновен за разводот на Бред Пит и Џенифер Анистон. После филмот, Бред Пит се вљубува во Анџелина Џоли, но за жал нивниот брак сега е веќе минато. Било ли тоа само минлива страст која за жал не ја откриле на време?

Пенелопе Круз и Хавиер Бардем

Нивната љубов се случи на снимањето на филмот „Вики Кристина Барселона“. Тие се запознале уште во 1990 година на снимање на друг филм, но тогаш ништо не се случило помеѓу нив, се до снимањето на оваа извонредна американска – шпанска драма.

Џенифер Гарнер и Бен Афлек

Двојката се вљуби за време на заедничко снимање во 2002 година, во време кога Џенифер Гарнер беше мажена за Скот Фоли, а Бен Афлек се забавуваше со Џенифер Лопез.

Наскоро се збогуваа со своите тогашни партнери и започнаа врска што заврши со брак. Двојката беше во брак 10 години, но сепак, нивните патишта се разминаа во 2017 година.

Том Круз и Никол Кидман

Уште една љубовна приказна започна на работно место. Тие се запознаа во 1989 година и се во брак 11 години. Имаат две посвоени деца, а Никол моментално е во брак со Кит Урбан.

Блејк Лајвли и Рајан Рејнолдс

Блејк и Рајан се запознаа на снимањето во 2010 година, а веќе во 2011 година започнаа врска, за во 2012 година да стапат во брак кој сеуште трае. Двојката живее вистинска семејна бајка заедно со своите три деца и имаат ретка Холивудска приказна која навистина не чуди, затоа што според бројот на разводи помеѓу ѕвездите во Холивуд, се си мислевме дека ова е некакво сценарио за папараците и дека љубовта едноставно не може да се меша со работа. Но, нашите претпоставки сепак не се вистинити, па ова е уште еден знак дека љубовта навистина постои, само не знаеме кога и каде еден ден ќе не најде.

Евротип
SNBROKER
To Top