Новости

Шоубиз

Кога ќе слушнете колку се платени овие холивудски актери, ќе ви се сомели умот!

15 Најплатени актери и актерки на денешницата

Во ерата пред стримингот, многу холивудски ѕвезди можеа да сметаат на хонорар за улога во филм и процент од неговиот профит (ако успее). Денес, пак, популарните актери и актерки кои соработуваат со Нетфликс и други стриминг сервиси добиваат поголема сума пари по потпишувањето на договорот, но немаат никакви дополнителни приходи по премиерата на филмот.

Затоа хонорарите на холивудските ѕвезди нагло скокнаа во последните неколку години. Даниел Крег, на пример, ќе добие неверојатни 100 милиони долари од Нетфликс за да ја повтори улогата на детективот Беноа Блан во следните две продолженија на Knives Out. Амазон Студио, пак, потпиша договор со Двејн Џонсон вреден 50 милиони долари. Холивудската моќна куќа ќе сними акциона авантура наречена Red One за оваа компанија.

Понекогаш се случува повеќе луѓе кои работат на филмот да добијат астрономски хонорари, па Леонардо ди Каприо и Џенифер Лоренс, ѕвездите на претстојниот филм на Нетфликс, Don’t Look Up, го зголемија своето богатство за 30 милиони долари, односно 25, откако соработуваа со оваа стриминг платформа.

Variety неодамна објави листа на најплатени холивудски актери и актерки на денешницата, а кои холивудски ѕвезди го најдоа своето место на неа можете да видите во продолжение.

П.С. Не дека им правиме есап, ама…

Даниел Крег – 100 милиони долари за неговата улога во две продолженија на ,,Knives Out”

Двејн Џонсон – 50 милиони долари за улогата во филмот ,,Red One”

Вил Смит – 40 милиони долари за улогата во филмот ,,King Richard” (2021)

Дензел Вашингтон – 40 милиони долари за улогата во ,,The liitle things” (2021)

Леонардо ди Каприо – 30 милиони долари за улогата во филмот ,,Don’t Look Up” (2021)

Марк Волберг – 30 милиони долари за улогата во филмот ,,Spencer Confidential” (2020)

Џенифер Лоренс – 25 милиони долари за улогата во ,,Don’t Look Up”(2021)

Џулија Робертс – 25 милиони долари за улогата во филмот ,,Leave the World Behind”

Сандра Булок – 20 милиони долари за улогата во ,,The lost city of D” (2022)

Рајан Гослинг – 20 милиони долари за улогата во ,, The Gray man”

Крис Хемсворт – 20 милиони долари за неговата улога во ,,Thor: Love and Thunder” (2022)

Бред Пит – 20 милиони долари за улогата во филмот ,,Bullet Train” (2022)

Мајкл Б. Џордан – 15 милиони долари за улогата во ,,Without Remorse” (2021)

Том Круз – 13 милиони долари за улогата во ,,Top Gun: Maverick” (2022)
Киану Ривс – 13 милиони долари за улогата во ,,The Matrix Resurrections”

Извор: Mental Floss

Евротип
SNBROKER
To Top