Новости

Шоубиз

Крајот во сценаријoто на серијата „И токму такa“ е променет поради Крис Нот

Обожавателите на серијата ,,Сексот и градот”, со нетрпение ја очекуваа премиерата ,,И токму така…”.

Се чинеше дека сè оди добро додека не изби скандал со Крис Нот како главен лик. Актерот кој го игра Ѕверка, љубовта на Кери, беше обвинет веднаш по премиерата на серијата на HBO Max за наводно сексуално злоставување на три жени, што ја растажи неговата колешка Сара Џесика Паркер. Како што сите знаеме, неговиот лик починал од срцев удар на почетокот на сезоната, но, според оригиналното сценарио, неговото враќање било планирано до крајот на сезоната.

Со оглед на сериозноста на настанот, Крис Нот е елиминиран од сценариото. Инаку она што требаше да се случи било следно: Кери ќе отпатува во Париз за да ја разнесе пепелта покрај Сена, а малку пред тоа има средба со духот на Ѕверка. На обожавателите добро им се познати снимките од двајцата актери како стојат на мостот, но после скандалите и обвинувањата на актерот, очигледно, тие сцени се исгрлаат и нема да се случат.

Промените не се пресудни за конечниот исход на серијата, велат извори со кои располагаат медиумите. Инаку, по немилиот настан, самиот Крис Нот имаше изјавено: „Обвинувањата против мене од луѓе кои ги познавам со години, дури и децении, се категорично лажни. Состаноците беа консензуални. Тешко е да се праша кога почнаа да кружат приказните. Не сум сигурен зошто се појавуваат сега, но она што го знам е дека не ги нападнав тие жени. Во секој случај, актерот доби отказ од серијата ,,Праведниот”, а се чини дека неговата поврзаност со реализацијата на ,,И токму така” сега е минато.

Извор: Cosmopolitan España

Евротип
SNBROKER
To Top