Новости

Шоубиз

Лејди Гага блесна на црвениот тепих на премиерата на филмот ,,House of Gucci”

Првата премиера на филмот ,,House of Gucci”, беше официјално одржана синоќа, а на црвениот тепих се појавија водечките ѕвезди на филмот, меѓу кои и поп пејачката Лејди Гага, која ја игра Патриша Реџани, вдовицата на познатиот Маурицио Гучи.

Како што пренесува Nova.rs, Гага на црвениот тепих пристигнала во виолетова, лелеава тоалета на Гучи. Со руса коса и црни чизми пејачката, а сега и голема актерка, се прошета до салата во која се одржуваше филмот.

„Долгоочекуваното враќање на Лејди Гага на филмското платно изгледа магично“, рече Хафпост во својата прва рецензија за филмот.

Магазинот ,,Esquire” наведува дека филмот носи драма, сјај, гламур и спектакл и дека Гага сигурно ќе добие втора номинација за главна актерка во филмот.

,,AwardsWatch” исто така наведува дека улогата на Патриша Реџани, поп-ѕвезда, секако може да и донесе номинација за Оскар.

„Гага е родена за улогата на Патриша Реџани“, изјави ЕТ.

Вог наведува и дека филмот, но и Гага, содржи „се што се очекуваше и повеќе од тоа“.

Ова ќе биде втора главна улога за Лејди Гага во филмот. Таа веќе ја доби номинацијата за најдобра главна женска улога со учеството во филмот „Ѕвездата се роди” со Бредли Купер.

Во главните улоги се и Ал Пачино, Салма Хајек и Адам Драјвер.

Извор: Nova.rs

Евротип
Евротип
To Top