Новости

Шоубиз

Ливерпул следната година е домаќин на Евровизија

Велика Британија одлучи Ливерпул да биде домаќин на Евровизија во 2023 година.

Во трката за домаќин на Евровизија, Ливерпул го победи Глазгов.

Украинската група Калуш Оркестар триумфираше на натпреварот во 2022 година во Торино, Италија, но Европската радиодифузна унија, која го продуцира годишниот настан, одлучи следниот натпревар да не може да се одржи во Украина од безбедносни причини поради руската инвазија.

Велика Британија беше домаќин на Изборот за песна на Евровизија осум пати, последен пат во Бирмингем во 1998 година. Мешу другото, Велика Британија вети дека ќе ја прикаже украинската култура и музика, објави Би-Би-Си.

Евротип
SNBROKER
To Top