Новости

Шоубиз

Магазинот Maxim по трет пат го прави истиот избoр за најсекси жена на светот

Ова е трет пат Маргот Роби да ја понесе ласкавата титула за најсекси жена на светот.

Познатата актерка Маргот Роби има причина за славење! Добро познатото австралиско издание на магазинот Maxim ја објави својата годишна листа „Hot 100“ за 2022 година, на која се наведени најуспешните и најубавите жени во индустријата за забава, спорт и поп култура. Иако на нивната листа има многу предвидливи имиња, некои успеаја и да изненадат.

На врвот на нивната листа се најде 32-годишната актерка Маргот Роби, чија холивудска кариера продолжува по нагорна патека пред прикажувањето на најновиот филм Вавилон.

Ова е рекорден трет пат Роби, која глумеше заедно со некои од најуспешните актери во светот, да се најде на врвот на „жешките 100“.

Евротип
SNBROKER
To Top