Новости

Шоубиз

Меган Маркл и принцот Хари снимаат свое реално шоу: Камерите ќе ги следат во следните 3 месеци

Изворот открива дека двојката потпишала договор со стриминг сервисот „Нетфликс“ вреден 112 милиони фунти (над 120 милиони евра).

– Можеби имаа возвишени идеи за прикажување на борбата за подобра животна средина и јазот помеѓу богатите и сиромашните, но „Нетфликс“ дефинитивно сака дел од нив. Сето тоа ќе се направи со вкус, а не како реалното шоу на Кејти Прајс. Тие сакаат да им покажат на луѓето дел од нивниот живот, како и добротворната работа со која се занимаваат – изјавил извор за „Сан“.

Според изворот, „повеќето реални шоуа ќе бидат за нивната филантропија, но не и за она што го прават зад затворени врати“.

Меган се надева дека оваа серија ќе им ја покаже на гледачите нејзината вистинска личност, додека од друга страна публиката смета дека парот е лицемерен затоа што ја напушти Велика Британија сакајќи приватност и сега снимаат реално шоу.

Претставниците на „Нетфликс“ велат дека двојката има неколку проекти на кои работи и дека тоа најмногу ќе се прикажува во новата серија.

Британскиот телевизиски водител Пирс Морган, страстен жесток критичар на Меган Маркл и принцот Хари, по ова соопштение ја нарече војвотката од Сасекс „новата Ким Кардашијан“, што предизвика дополнителни полемики на интернет.

GOLD
To Top