Новости

Шоубиз

Меган Фокс стана плавуша, но потегот и е крајна утка!

Актерката Меган Фокс е позната како една од најсексапилните жени во светот од почетокот на нејзината кариера, а поради полните усни и долгата кафеава коса често ја споредуваат со Анџелина Џоли.

Меѓутоа, сега за улогата во филмот „Џони и Клајд“, во кој таа го игра серискиот убиец Алан, мораше да стане русокоса, а со трансформацијата се пофали на својот Инстаграм.

„Вака изгледа ќерката на ѓаволот“, напиша таа во описот на фотографијата што ја објави, но не откри дали всушност ја обоила косата или само носи перика.

Неган доби бројни комплименти за нејзиниот нов изглед. Сепак, дел од фановите не беа воодушевени од промената, а некои дури и ја помешаа со Ким Кардашијан.

„Твојата темна коса изгледа многу подобро“, „Те молам обој ја косата повторно кафеава“, „Се надевам дека е перика“, „Мислев дека Ким Кардашијан е на фотографијата“, „Полека стануваш Кардашијан“, „Меган Кардашијан “, се некои од коментарите на незадоволните обожаватели.

Меган во последно време многу се дружеше со сестрите Кардашијан, особено со Кортни и со која неодамна сними заводлива кампања за брендот за долна облека на нејзината сестра Ким.

Се чини дека оваа актерка знае како да добие внимсние, па се обидува и успева да ја шокира јавноста со секое појавување.

Евротип
Евротип
To Top