Новости

Шоубиз

Мелинда Гејтс во своите мемоари открива детали за тоа што „чкрипело“ во нивниот брак

Мелинда и Бил Гејтс решија да се разведат по 27 години брак, објавувајќи дека едноставно не можат да остарат заедно. Нивната врска долго време беше модел за американската јавност, а сега медиумите пишуваат за секој детал од врската – вклучувајќи го и фактот дека Мелинда ја напушти својата кариера во „Мајкрософт“ поради нејзиното семејство.

Запознавањето

Инаку нивната романтична приказна на сега веќе поранешната брачна двојка започнала откако тие седнале едни покрај други на некоја деловна вечера во Њујорк.

Неколку дена подоцна, тие се сретнале на паркингот на „Мајкрософт“. Бил ја поканил на состанок иако на Мелинда не и се допаднал начинот на кој тој го стори тоа.

„Започна разговор и ме покани на состанок две недели од тој Петок“, открила таа во нејзината книга: „The moment of lift“ од 2019 година.

-Се смеев и реков:„ Тоа не е доволно спонтано за мене. Јави ми се еден ден порано и дај ми го бројот “, напиша Мелинда Гејтс во книгата.

Бил и се јавил истата вечер. Во документарниот филм „Внатре во мозокот на Бил“ за 2019 година, парот откри дека не биле во сериозна врска првите неколку месеци. Мелинда всушност се забавувала со неколку мажи во раните денови од нивната врска. А пак и Бил имал друга жена освен Мелинда. Се разбита тоа била неговата сакана компјутерска компанија.

За Бил не станувало збор дали сака или не сака да биде со Мелинда, туку дали тој навистина е способен да стане сопруг. Тој бил многу фокусиран на градење на својата „бизнис империја“, па дури направил и список на „за и против“ брак, а Мелинда го видела на дело додека тој го пишувал истиот. Се чини дека преовладувале причините „за“, па затоа набргу следела нивната свршувачка.

Напуштање на кариерата

Помалку од две години по нивната венчавка, Мелинда Гејтс открила дека е бремена со нивното прво дете – ќерката Џенифер, која денес има 25 години. Таа се соочила со слична дилема што нејзиниот сопруг се обиде да ја реши со списокот „за и против“ – дали таа може и сака таа да ја усогласи својата кариера во „Мајкрософт“ со улогата на мајка.

Во тоа време, Мелинда изјавила дека Мајкрософт е „огромен дел“ од заедничкиот живот на парот – толку многу што всушност помисли да не му каже на сопругот за бременоста неколку дена откако дознала за тоа.

„1995 г. Кога се подготвувавме да одиме на патување во Кина, открив дека сум бремена“, напиша Мелинда во својата книга.„Тоа патување во Кина беше значајно за нас. Бил ретко земаше слободни денови од „Мајкрософт“ и одевме заедно со други парови и пријатели. Не сакав да го уништам патувањето, па помислив дека ќе му кажам на Бил дека сум бремена додека не се вратиме. Тогаш сфатив: „Не, морам да му кажам… Што ако нешто тргне наопаку? Но, во основа, морам да му кажам затоа што тоа е и неговото бебе “.

Кога дознал за бебето, Бил бил воодушевен, но тој бил изненаден што таа не сакала да му каже, открива Мелинда во книгата. Таа напиша дека уште повеќе го шокирала сопругот кога објавила дека повеќе нема да работи по породувањето – нејзината одлука, како што вели, го оставила Бил згрозен.

„Тој се зачуди и ме праша како мислам дека нема да се вратам. Реков: „Имаме среќа, па не ни требаат моите приходи. Тоа е начин да се создаде семејство. Ти не сакаш да ја намалиш работата и не гледам како можам да најдам време да бидам добра на работа и истовремено да создадам семејство “, пишува Мелинда.

Сама во бракот

Набргу по породувањето, Мелинда Гејтс откри дека се чувствувала неверојатно „осамена“ затоа што нејзиниот сопруг поминувал многу време на работа, па поголемиот дел од родителските обврски ги направила сама и признава дека се прашувала дали Бил е воопшто добар татко.

„Кога ја добивме Џејн, се чувствував многу осамено во бракот. Бил во тоа време беше извршен директор на Мајкрософт. Тој беше презаситен со работа; сите го бараа, а јас размислував: Можеби тој сакаше да има деца во теорија, но не во реалноста“, објасни таа во својата книга.

Со текот на годините, двојката работела заедно на тоа да имаат еднакви улоги – и да го претворат својот брак во „партнерство“. На пример, Бил ја возел својата ќерка на училиште неколку дена во неделата, бидејќи тоа било единствениот начин да помине некое време заедно.

И покрај славното презиме, трите деца на Гејтс успеаја да водат и да имаат приватен живот. Сега разведената двојка, меѓу другото открива и дека паметните телефони на децата им биле забранети до 14-та година, како и дека им било многу тешко да ги научат на скромност знаејќи го фактот за целото богатство кое го имаат.

Како и да е, една од најбогатите двојки во светот ја финишира својата љубовна приказна со последната заедничка реченица на твитер: „После подолго размислување и многу работа на нашата врска, одлучивме да му ставиме крај на нашиот брак!“

А според нас, овие двајца очигледно си мислеле дека бракот е „компјутерска“ пресметка и нешто што можеш да го работиш, но очигледно се излажале. Сепак, малку да се пошегуваме, освен таа љубов што треба да ја барате… Како да ви кажеме… Девојки, можеби има и нешто што треба да го научите од оваа итра госпоѓа која си ја врати титулата на госпоѓица, заминувајќи од бракот со неверојатни 73 милиони долари, што веројатно ќе ја направи втората најбогата жена во светот!

GOLD
To Top