Новости

Шоубиз

„Мерлин Монро била жртва на злоупотреба!“ – Трејлер и фотографии за филмот „Blonde“

Актерката Ана де Армас е хероината на новиот филм за познатата секс бомба Мерлин Монро. Ана ќе ја игра улогата на Мерлин Монро и филмот ќе ја следи всушност психолошката состојба на ѕвездата. Во еден момент Мерлин ќе рече: „Мерлин не постои! Кога ќе се вратам назад во мојата соблекувална, јас сум Норма Џин. Мерлин Монро единствено постои само на екраните!“.

Инаку ова е првиот филм на Netflix кој ќе биде означен како филм наменет само за возрасната публика, а можеби поради оваа етикета, од платфромата не сакаа филмот да биде прикажан и бараа промени од страна на режисерот и продукцијата. Но, Ендрју Доминик, режисерот на „Blonde“, не попушти во своите намери и јасно го издржа својот став, па така Netflix иако со ознака NC-17, сепак ја закажа премиераta на 28 Септември.

Ова не е документарец за животот на Монро, туку е брутална приказна поистоветувана и работена според романот на наградуваната писателка Џојс Керол Оутс, а во својата содржина изгледа раскажува дека всушност самата блондинка, била жртва на злоупотреба, само за да стигне до т.н. холивудски врв. Апро по, режисерот сака да ја долови и суровата реалност и борбата за опстанок на понежниот пол во светскиот филмски град.

Што ќе се случува понатаму, останува да видиме, а за сега погледнете ја сличноста на фотографиите и сцените од филмот со популарната актерка од 60тите. Дали Ана де Армас ќе ја изигра до совршенство Монро, едвај чекаме да искритикуваме, а засега можеме малку да ги поозборуваме фотографиите и трејлерот.

 

Евротип
SNBROKER
To Top