Новости

Шоубиз

Модна икона со префинет вкус и интелектуалец – Која е сопругата на катарскиот шеик?

Моза бинт Насер е жената која последниве денови е главна мета на очите на светот. Имено оваа убавица им го привлече вниманието на бројните фотографи и новинари кои ги преполнуваат своите весници со текстови околу нејзиниот живот. Се разбира Светското првенство во фудбал, е настанот на кој најповеќе би можел да ве запознае светот, па токму на неговото отварање присуствуваше Насер.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Moza bint Nasser (@mozabintnasser)

Моза бинт Насер инаку е сопруга на шеикот Хамад бин Калифа Ал Тани, поранешниот емир на Катар и мајка на сегашниот емир Тамим бин Хамад Ал Тани. Моза бинт Насер го привлече вниманието во монохроматска комбинација на Прада. Таа носеше долг бордо сатенски фустан кој го комплетираше со сако во иста боја и традиционална марама карактеристична за жените во арапскиот свет. Комбинацијата ја комплетираше со блескав брош и ефектен накит, а носеше и салонки во бордо боја и брендирана кожна чанта.

,,Времето дојде. Добредојдовте во Катар и со среќа на сите“, напиша модерната кралица на истокот на својот инстаграм профил и објави неколку фотографии со сопругот и децата.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Moza bint Nasser (@mozabintnasser)

Моза бинт Насер е позната по својот префинет стил, а медиумите често ја нарекуваат „кралица на стилот“. Во 2015 година беше прогласена за една од најдобро облечените жени во светот.

Родена е на 8 август 1959 година во крајбрежниот град Ал Кор, на северот на Катар, во племето Ал-Миснед. Нејзиниот татко Насер бин Абдула Ал-Миснед бил истакнат катарски бизнисмен и опозициски лидер за време на владеењето на шеикот Калифа бин Хамад бин Абдула Ал Тани.

Моза бинт Насер ги помина своите рани години во Кувајт и Египет, но се врати дома во 1977 година. Студирала социологија на Универзитетот во Катар, а своето образование го завршила девет години подоцна, во 1986 година. Таа се омажи за Хамад бин Калифа Ал Тани во 1977 година и заедно имаат седум деца.

Нејзиниот најстар син, Јассим бин Хамад бин Калифа Ал Тани, првично беше именуван за престолонаследник. Во 2003 година, тој беше заменет со другиот нејзин син, Тамим бин Хамад Ал Тани. Нејзините други синови се Шеик Јоан, Шеик Мохамед и Шеик Калифа. Нејзините ќерки се Шеиха Ал-Мајаса и Шеиха Хинд.

Моза бинт Насер е најпозната по нејзината работа во областа на образованието и здравството. Во 1995 година, таа ја основа Катарската фондација за образование, наука и развој на заедницата. Под нејзино претседателство, таа продолжува да работи на воспоставување на Катар како лидер во областа на образованието, науката и културата.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Moza bint Nasser (@mozabintnasser)

Таа доби бројни меѓународни награди и голем број меѓународни почести. Освен убавината зад оваа до пред некој ден мистична жена од Истокот, се крие и префинет интелектуалец, образована личност и паметна жена што е уште еден доказ дека понежниот пол може да успева на секое поле.

Извор

Фотографија на ансловна Print screen / instagram

Евротип
SNBROKER
To Top