Новости

Шоубиз

Наместо Украина, Велика Британија е домаќин на следната Евровизија

Изборот за песна на Евровизија во 2023 година наместо во Украина ќе се одржи во Велика Британија, потврдено е.

Како што јавува Би-Би-Си, организаторите ја донеле оваа одлука бидејќи сметаат дека поради војната и руската инвазија нема услови за одржување на натпреварот во Украина, која победи оваа година.

Велика Британија заврши на второто место, па започнаa разговори со Би-Би-Си за домаќин на следната Евровизија.

Засега не се знае кои градови ќе бидат организатори, а интерес пројавија Глазгов и Манчестер.

Да потсетиме, Украина претходно ја осуди одлуката да и се одземе домаќинството следната година, донесена поради руската инвазија, а британскиот премиер во заминување Борис Џонсон тогаш изјави дека Украина треба да биде домаќин.

Евротип
SNBROKER
To Top