Новости

Шоубиз

Направена е барбика во чест на Тина Тарнер

По повод дбележувањето на четириесетгодишнината од големиот хит „What’s Love Got To Do With It“на вонвременската Тина Тарнер, познатиот производител на играчки и кукли, создаде барбика во чест на пејачката.

Куклата, дел од серијата на Mattel посветена на музиката е во облеката што Тарнер, што пејачката ја носеше во спотот за нејзината позната песна: Црн мини фустан во комбинација со тексас јакна – и ја има фризурата со потпис на славната пејачка.

„Чест ми е да и посакам добредојде на мојата кукла Барби во групата познати жени кои веќе беа претставени на овој начин и да ја пренесам приказната за моето патување до уште повеќе деца“, рече 82-годишната Тарнер во својата изјава.

 

Тарнер е добитник на осум Греми. Нејзиниот голем успех започна во доцните 1960-ти и раните 1970-ти кога настапи со нејзиниот тогашен сопруг Ајк Тарнер, од кого се разведе во 1978 година по турбулентниот брак.

По последната турнеја, која заврши во 2009 година, Тарнер се повлече од сцената.

На почетокот на ноември 2019 година, на Бродвеј беше изведен мјузикл кој го опишува нејзиниот живот и дело, а Тарнер присуствуваше на премиерата.

Една од најпознатите пејачки на сите времиња е родена во Тенеси, а во 1995 година се преселила во Швајцарија со нејзиниот партнер, продуцентот со германско потекло Ервин Бах. Со него се омажи во 2013 година, а истата година станала и швајцарска државјанка.

Нејзината кукла Барби се продава на веб-страницата на Мател.

Евротип
SNBROKER
To Top