Новости

Шоубиз

Наскоро серија посветена на познатиот бенд „Sex pistols“ – Погледнете го првиот трејлер

Наскоро излегува серијалот посветен на еден од највлијателните бендови во историјата, кој е заслужен за започнувањето на панк движењето во Обединетото Кралство – Sex Pistols. Сега можеме да видиме краток тризер кој навестува што не чека.

Да потсетиме, се работи за серија чиј креатор и сценарист е Крег Пирс, а режијата е на оскаровецот Дени Бојл. The Pistol ќе има шест епизоди засновани на мемоарите на Стив Џонс, гитаристот на бендот, наречени Lonely Boy: Tales From A Sex Pistol. Заплетот е за „рокенрол револуцијата“, чиешто јадро е овој бенд, а низ која не води гласот на Џонс. Тоа е приказна за деца од работнички семејства, без иднина и перспектива, кои засекогаш ја променија музиката и поп-културата.

Евротип
SNBROKER
To Top