Новости

Шоубиз

Насмеана и гламурозна – Адел во друштво на нов партнер

Гласините за романсата на пејачката Адел и Рич Пол почнаа да кружат во медиумите во текот на летото, по фотографиите направени на кошаркарски натпревар. Тоа беше нивно прво заедничко појавување на настан, затоа што веројатно се одлучија да ја покажат љубовта во јавност. Сепак, сега официјалната потврда за она што многумина го претпоставуваа, пристигна на Инстаграм.

Двојката уживаше во една венчавка во текот на викендот, а Адел донесе одлука да ја открие добрата вест токму тогаш. Сепак, таа ја отвори објавата со својата фотографија, така што до најубавиот кадар може да се дојде само со прелистување низ неа. За оваа прилика, таа избра прекрасна креација со потпис на Скиапарели.

Адел се разведе од поранешниот сопруг Симон Конечки во 2019 година, и според најновите случувања, се чини дека тој неуспех го остави далеку во минатото. Инаку, нејзиниот нов партнер е еден од најуспешните кошаркарски агенти на американско тло.

Извор: Cosmopolitan Espania

Евротип
Евротип
To Top