Новости

Шоубиз

Најчудните финансиски навики на богатите и славните: Некој купува цел град, некој детектор за духови

Убаво е да си на врвот, но што таму или што кога навистина ќе ти досади и моќта? Од милионерите или онаа „елита“ и општеството од висока класа, очекувано е да купат скапи јахти, да инвестираат во спортски тимови, но постојат и такви кои навистина се есктремни во нивните трошења на финансии. Повеќе би рекле и ексцентрични, затоа што замислете, постојат и такви луѓе кои би потрошиле богатство за да имаат позлатени тоалети, купуваат детектори за духови или черепи од диносауруси.

Ви претставуваме некои од најчудните финансиски навики на богатите.

Мараја Кери – Удобен живот за сите, вклучувајќи ги и кучињата

Се што сака познатата пејачка Мараја Кери за своите кучиња е да има „удобен живот“. Поп-ѕвездата, чија заработка се мери во стотици милиони долари, во едно интервју признала дека годишно троши повеќе од 34.000 долари на своите кучиња.

Имено, нејзините миленици имаат шофер. Ако на тоа се додадат и месечните трошоци за фризер и спа, цената лесно може да ја надмине оваа сума.

Мајк Тајсон – Милениче кое и да би можеле, не би го купиле

LAS VEGAS, NV – JUNE 28: Evander Holyfield and Mike Tyson fight for WBA World Heavyweight Title on June 28,1997 at the MGM Grand Garden in Las Vegas, Nevada. The Fight was stop in the third round and Tyson was disqualified for biting Holyfield on both ears. (Photo by Focus on Sport/Getty Images)

Тајсон е еден од најголемите боксери што некогаш го украсил рингот. Иако не би очекувале тој да има мачиња или чивави како домашни миленици, имањето тигри може да биде претерано.

Со проценета нето вредност од над 400 милиони долари, Тајсон купи три бенгалски тигри, кои чинат околу 70.000 долари. Потоа ангажирал тренер за нив кој добивал 125.000 долари годишно. Тајсон на својата прва сопруга и купил и када од 24-каратно злато од 2,2 милиони долари како божиќен подарок.

Лејди Гага – Има се, но и една страшна фобија

Сите се согласуваме дека сознанието дека постојат духови е морничаво, но никој не оди во кревет со надеж дека ќе наиде на таков. Освен можеби Лејди Гага која не сака да ризикува.

Нејзината фобија е толку силна што вложила многу пари во детектор за духови, поточно 50.000 долари. На 34-годишна возраст, пејачката и актерка, добитник на Греми и Оскар заработи околу 150 милиони долари. Со такви пари, би очекувале таа да инвестира во мода, да направи бренд, да си купи јахта, но Гага потроши богатство за т.н. детектор за духови.

Илон Маск – Земјата не е најдобро место за него

Со нето богатство од над 220 милијарди долари, еден од најбогатите луѓе во светот може да прави што ќе помисли, но никој не го очекуваше ова. Имено, Маск неодамна ги продал сите свои куќи и сега „не поседува ниту еден дом“.

Иако некој би очекувал милијардер да поседува онолку куќи колку што сака, тој решил да го направи сосема спротивното. Се шпекулира дека повеќе не е заинтересиран да остане на Земјата, и дека ја разгледува можноста да се пресели на Марс. Досада? Е тоа ти е кога ти доаѓа да си избегаш од својата кожа.

Ким Бесинџер – Пропадната инвестиција

„Овој град од денеска е приватна сопственост. Ги повикуваме сите да останат смирени додека чекаме дополнителни инструкции од новиот сопственик“.

Не можеме, а да не замислиме дека жителите на Бразелтон, Џорџија, биле шокирани кога го слушнале ова предупредување од новата сопственичка на градот, Ким Бесинџер. Имено, по долги преговори на славната актерка конечно и било дозволено да го купи целиот град за 20 милиони долари. Слободно може да се каже дека ова не беше само чудна финансиска одлука туку и неуспешна. Пет години подоцна, таа прогласи банкрот и го продаде градот за милион долари.

Бил Гејтс – Која е цената на неуспешниот брак?

„По многу размислување и многу работа на нашата врска, решивме да ставиме крај на нашиот брак. Ова беше првата изјава што Бил Гејтс ја даде кога објави дека се разведува од Мелинда.

Иако повеќето луѓе разводот не го гледаат како трошок, сите тие милијардери и милионери имаат многу поинаков поглед на работите. Па нормално, кога се во прашање огромни суми на пари. Така Мелинда Гејтс по разводот заврши со милијарди акции во бројни компании.

Никој не влегува во брак очекувајќи да се разведе. Од друга страна, тешко е да се игнорира дека 35 од 72 милијардери кои се венчале оттогаш се развеле и потрошиле многу пари во судници. Тоа значи дека 35 луѓе биле подготвени да се разделат со своите тешко заработени пари само за да го прекинат бракот.

Евротип
SNBROKER
To Top