Новости

Шоубиз

Неверојатни работи што ги направија холивудските актери за да влезат во ликот

Сe за улогата! Некои научиле странски јазик, некои живееле во ментална институција, а некои изгубиле 60 килограми.

Животот на филмските ѕвезди изгледа лесно и едноставно, тие се богати, живеат луксузен живот, патуваат низ светот. Повеќето луѓе им завидуваат на ваквиот начин на живот, бидејќи се чини дека сè што прават е да се појавуваат во филмови и да заработуваат многу пари.

Она што е малку познато е дека актерите се жртвувале за некои од улогите за кои малкумина би биле подготвени. Еве листа на некои од најлудите работи кои актерите ги правеле пред да ја одиграат својата улога.

Роберт де Ниро возел патници низ Њујорк за неговата улога во „Таксист“

Улогата на Роберт Де Ниро во Таксист е една од најдобрите актерски улоги на сите времиња. Де Ниро e познат по поместување на границите и правење екстремни работи за да влезе во карактерот. Така за овој филм студирал ментална болест и добил дозвола за таксист. Секој ден возел патници низ Њујорк по 12 часа додека не биде целосно подготвен за улогата на Тревис Бикл.

Форест Витакер научи свахили за неговата улога во Последниот крал на Шкотска

Форест Витакер направи фантастична работа играјќи го Иди Амин, диктаторот на Уганда. За да се подготви за улогата, научил свахили за да има подобра соработка со актери и статисти од Уганда на сетот. Покрај тоа, актерот се здебелил 50 килограми за да личи повеќе на озлогласениот диктатор.

Кристијан Бејл ослабел 60 килограми поради улогата во филмот „The Machinist“

Кристијан Бејл е еден од најдобрите актери на денешницата. Во улогата на Тревор Резник во овој психолошки трилер, Бејл отишол дотаму што изгубил 60 килограми за да влезе во ликот на работник во фабрика кој страда од несоница.

Режисерот побарал да се смени сценариото во согласност со пропорциите на Бејл, но актерот инсистирал да ослабне преку 60 килограми како предизвик за да види дали може да го стори тоа.

Хит Леџер се изолираше од светот поради улогата во филмот „Dark Knight“

Улогата на Хит Леџер во „The Dark Knight“ е дефинитивно една од најдобрите на сите времиња. За да влезе во ликот за неговата улога на Џокер, Леџер се заклучил во хотелска соба шест недели пред да започне снимањето. Изолацијата се исплати, а Џокерот ја засени улогата на Кристијан Бејл како Бетмен. Хит Леџер доби Оскар за споредна улога за неговата изведба, но наградата му беше доделена постхумно, бидејќи почина пред филмот да ја види светлината на денот. Многумина мислеа дека подготовката што ја презел за улогата е виновна за психолошкото уништување на актерот.

Адриан Броди жртвуваше се што имаше за улогата во реализацијата на „Пијанистот“

Адриан Броди доби Оскар за улогата на Владислав Шпилман, полски пијанист и композитор. Шпилман бил Евреин кој го преживеал Холокаустот и кој изгубил се што имал во животот, па актерот морал да го стори истото за да влезе во ликот.

Броди го отфрли својот луксузен начин на живот, го продаде станот, автомобилот и целиот свој имот. Актерот отиде дотаму што раскина со својата девојка за да игра што подобро во сцените во кои тагуваше Шпилман.

Група актери се пријавиле во психијатриското одделение за филмот „Лет над кукавичкото гнездо“

Летот над кукавичкото гнездо, ремек дело на Милош Форман, е епски филм снимен во 1975 година. Дејството се одвива во психијатриско одделение, па група актери предводени од Џек Николсон се пријавиле во вистинската болница за да го проучат однесувањето на пациентот. Искуството што го стекнале за време на престојот во одделението им помогнало совршено да ги играат улогите на психопати, а многу од нив останале во ликот дури и кога камерата била исклучена. Непотребно е да се каже дека филмот постигна огромен успех и доби Оскар.

Евротип
Евротип
To Top