Новости

Шоубиз

Незаборавниот Крабтри – еве како денес изгледа полицаецот од познатата серија „Ало, ало!“

Артур Бостром, кој на почетокот на следната година ќе наполни 67 години, светската слава ја стекна како полицаец Кребтри во серијата „Ало, ало!“.

Серијата престана да се прикажува во 1992 година, а тој го освои вниманието на публиката и неговиот лик се памети до денес.

Како шпион под прилично лоша маска и со уште полош француски, тој на посебен начин го одбележа шоуто.

На социјалните мрежи се уште „циркулира“ неговиот совет во врска со пандемијата од минатата година и групната фотографија со познатата Ивет.

Многумина коментираа дека актерот е „стар колку добро вино“, откако го виделе по речиси 30 години од крајот на серијата.

Евротип
SNBROKER
To Top