Нема да верувате како Ева Лонгорија го ,,врати” виткото тело после бременоста

Ѕвездата на „Очајни домаќинки“ е снимена на одмор во шпанскиот град Марбела каде била во друштво на својот четиригодишен син Сантијаго Енрике.
Инаку актерката која често оди на шопинг без шминка и радосно позира за папараците, еднаш откри како успеала да го врати своето тело и да ги отстрани вишокот килограми. Имено, минатата година во шоуто со Елен Деџенерис изјави дека може да се заблагодари на редовното скокање на трамболина за обликот на телото и дека тоа го прави по еден час дневно.
View this post on Instagram
Всушност иако ни звучи смешно, скокањето на трамболина е една од омилените популарни активности низ светот што сега не е наменета само за деца.
Сите сакаме да ослабнеме, а овој пат сето тоа можеме да го направиме преку забава.
,, Доколку сакате да ги согорите маснотиите околу стомакот и бутовите, доволно е да вежбате на трамболина околу 150 минути вежбање неделно.”
Во продолжение погледнете ја трансформацијата на ѕвездата на познатата серија,, Очајни домаќинки” што се должи токму на оваа забавна активност.
